1,4K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Аерозагадувањето е сериозна тема која години наназад станува се повеќе актуелна особено поради ефектот кој токму аерозагадувањето го има кон здравјето на луѓето. Загадувањето на воздухот е сериозна и глобално прифатена проблематика за која од година во година се повеќе се обрнува внимание, а и голем дел од државите низ светот одвојуваат се поголем дел од нивниот буџет за превенција, но и за санирање на веќе настанатите проблеми во општеството особено во делот на здравјето на луѓето. Пред да го коментираме и образложиме ефектот кој аерозагувањето го има на здравјето на луѓето мора прво мора да дефинираме што е всушност загадувањето?По дефиниција загадувањето се дефинира како контаминација на воздухот со хемиски, физички или биолошки агенси кои имаат дури и минимално штетно дејство врз здравјето. Од тука произлегува и заклучокот дека НЕ ПОСТОИ такво нешто како безбедно ниво на загаденост. Постојат одредени граници кои согласно законски норми се сметаа за дозволени, но сепак од медицинска гледна точка мора да се напомене дека речиси секое ниво на загаденост особено при долгорочна изложеност на истото може да делува негативно врз здравјето и да предизивика сериозни потешкотии и последици кои потоа носат огромен број на други ризици и проблеми со кои се соочуваме.Според СЗО и нивната глобална статистика се смета дека како резултат на директна последица од загадување на општеството годишно умираат нешто над 7 милиони луѓе. Во оваа негативна статистика учествува и Македонија со удел од околу 3500 прерано згаснати животи како резултат на аерозагадувањето. Како Македонија така и целиот Балкан е дел од оваа црна статистика и завземаат најголем процент од гореспоменатата бројка на починати. За жал може да се каже дека всушност Балканот е светски првак во загаденост!Загадувањето е проблем кој не погодува сите, без разлика на пол, возраст, раса, заболувања. Сите сме погодени, некој помалку, некој повеќе, но последици по здравјето дефинитивно имаат сите. Во групата на загадувачи на воздухот влегуваат голем дел, но да ги наброиме најважните:ПожаритеИндустријатаВозилатаГорењето на фосилните гориваГрадежната експанзијаГрејните тела кои се користат во домовитеМедицинските отпади (особено на ниво на Балканот поради несоодветна грижа за истите)Вообичаено мерењето на нивото на загаденост е преку популарните ПМ честички односно нивната концентрација и присуство во воздухот. Тие се многу ситни и мали честички кои се во цврста и течна состојба и се во различна големина некогаш иако поретко видливи со голо око или најдени под микроскоп. Согласно нивната големина имаме неколку под видови и тоа: ПМ 10, ПМ 5, ПМ 2,5. Најпосни се сметаат сите оние кои влагаат во групата на помал дијаметар од 10 микрони бидејќи лесно поминуваат низ горниот респираторен тракт и завршуваат во предел на белите дробови, но и преку крвотокот насекаде низ човечкиот организам. Како најопасни и најчесто застапени гасови, загадувачи ги гледаме и сретнуваме следниве:Азот диоксид настанува од горива со високо согорување.Сулфур диоксид преку согорување на масла што содржат сулфурОзон настанува при контакт на сончевата светлина со разни хемикалии на ЗемјатаЈаглерод моноксид безбоен гас без никаков мирис и еден од најголемите загадувачиОлово се формира при процес на раградба на руда и металПокрај вака наброените гасови мора тука да се споменат и други типови на загадувачи како што се печките на дрва, пестициди, инсектициди, разни средства за домашно чистење, гасот од цигарите и слично.Негативното влијание на загадениот воздух на секој важен орган во човечкото тело!Зошто го нагласуваме токму ова? Низ годините се тврдеше дека загадувањето го погодува најмногу респираторниот тракт, но како овој проблем се продлабочуваше така се поголем број на студии покажува нови и особено шокантни податоци дека буквално ниту еден орган во човечкото тело не е поштеден од штетните влијание на загадениот воздух. Како што и нагласивме претходно малите ПМ честички навлегуваат преку респираторниот тракт, но потоа преку крвотокот се шират низ целото тело при тоа силно погодувајќи ги сите органи во човечкото тело.Промените се различни и зависат од нивото, количината и типот на органот кој е погоден. Согласно тоа ќе се обидеме да дадеме краток опис за тоа што се случува поединечни низ човечкото тело:Респираторен тракт (од сите органски системи овој е најпогоден бидејќи е во директен судир со загаденоста и последиците се најстрашни за него. Особено се погодени пациенти со астма, хронична опструктивна болест, хрнични бронхитични промени, алергиски пулмонарни реакции. Покрај за хроничните загадувањето е особено опасно и за акутните состојби и моментално присутни вируси на корона и инфлуенца кои и тоа како делуваат на респираторниот тракт и сериозни причинители на белодробни промени особено влошени и тешко третирани поради лошиот воздух. Пушењето на цигарите е фактор број еден, но сепак дополнето со загадениот воздух можноста за развивање на рак на бели дробови кај еден пациент се зголемува за дури до 18%. )Кардиоваскуларен систем (Со сите досегашни направени се потврдува поврзаноста на загадениот воздух и проемените настанати во кардиоваскуларниот систем. Како резултат на загаденоста се потврдува се поголемата бројка на хипертензивни случаи, отежната работа на срцето, хипертрофија на срцевиот мускул, како и сериозно стареење на зидовите на крвните садови што само по себе доведува до наталожување на маснотии, а со тоа намален проток на крв низ нив што потоа е главна причина за срцев или мозочен удар.)Нервниот систем (Се смета дека влијанието на загадениот воздух на нервниот систем може да почне уште за време на бременоста и да влијае до тоа нивно да гледаме намалени когнитивни функции кај тоа новороденче. Потврдено е поврзаноста меѓу загаденоста и аутизмот, ADHD, серизно нарушување во делот на фокусот и вниманието на детето, како и во зголемената хиперактивност. Кај возрасните пак се смета дека изложувањето на загаден воздух ја зголемува можноста за развивање на Паркинсонизам и Алцхајмерова болест, па дури има и студии кои велат дека тој процент оди и до 40% поголеми шанси за појава на овие болести кај лица изложени на загаденост.)Психичката состојба (Покрај физичкото здравје последици гледаме и во менталната односно психичка состојба на пациентите па во многу студии до сега се потврдува дека можноста за појава на анксиозност, депресија, промена во расположение е многу кратно зголемена поради таа изложеност на загадениот воздух.)КОВИД 19 (Се потврдува дека загаденоста делува директно врз имуниот систем и со самото тоа прави гасење на дел од активната одбрана на нашето тело што и тоа како е олеснителна околност за корона вирусот да продре подлабоко и да предизвика далеку посериозни последици особено врз респираторниот систем. Според студија во Европа се смета дека 19% од починатите од КОВИД 19 имале влошување на состојбата директно како резултат на загаденоста.)После сето ова што успеавме да го објасниме сигурно ќе се прашаме како е најдобар начин да се заштитиме. Веројатно одговорот би бил да заминеме да живееме на планина. Знаејќи дека тоа е навистина тешко за најголем дел од луѓето би преложил носење на маска (респиратор) особено зимски период, користење на прочистувачи на воздух во домашни услови, менување на начинот на кој се греете, проветрување за време на сончеви денови и секако почесто пешачење надвор од градските средини.На крајот можеме да заклучиме дека последиците кои загаденоста ги прави врз човечкото здравје се енормни и дека промената треба да започне како од самите нас како поединци така и глобално со промена на политиката на многу земји во насока на намалување на нивото на загаденост. Последиците нема да ги почуствуваме веднаш, но загадениот воздух ( тивкиот убиец на ова модерно општество ) е тука и со сериозна тенденција да стане причинител број еден за прерана смрт во светот. Д-р Бојан ТрајковскиДоктор по општа медицина; ПЗУ Медика Вера Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber аерозагадување aerozagaduvanje beli drobovi 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Декубитус next post Вообичаени причини за болки во стапалата Можеби ќе ви се допадне Bookmark Туберкулозата – стара болест со современи предизвици ноември 27, 2025 Bookmark ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И СОВЕТИ ЗА АЛЕРГИИ декември 24, 2022 Bookmark ХРОНИЧЕН БРОНХИТ мај 8, 2022