1,4K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Декубитус или рани од притисок, е состојба која најчесто ги погодува повозрасните, неподвижните и луѓето со сериозни трансфузиолошки проблеми. Самата состојба претставува патолошки процес кој се јавува на делови од телото кои се сметаат за пределекциони места односно места кои се изложени на постојан притисок, а паралелно со притисокот се особено слабо покриени со крвно снабдување што само по себе носи процес на првична хиперемија (црвенило), мацерација, некроза и се до рана која завршува до самата коска. Како пределекциони места или места на притисок се повеќе делови на телото односно оние делови кои се директно залепени за постелата на која лежи самиот пациент. Како такви се следниве:Окципитален дел на главатаЛактитеПетите Лумбо- сакралниот дел на рбетотТоракалниот дел на рбетотКарличната коста од обете страниРзвивањето на декубитусот е честа појава кај залежани пациенти, но неподвижноста е само дел од причинителите кои може да доведат до развивање на декубитус. Најчесто употребувана поделба на причинителите на декубитус е поделбата на егзогени и ендогени причинители. Егзогени причинители (иритација, набори на постелнината, непроменета положба во креветот подолго време, несоодветна лична хигиена)Ендогени причинители (парализа, дијабетес, анемизираност, кардиоваскуларни болести, трансфузиолошки проблеми, обезност)Објаснувајќи погоре што е декубитус сега соодветно треба и да објасниме кои се симптомите односно знаците со цел да разликуваме што е промената која ја забележуваме на самата кожа. Пред се мора да дефинираме дали е на некое од горенаведените пределекциони места, а потоа и соодведно да ја разгледаме и опишеме.Првата промена која ќе ја забележиме е белузлава промена на кожата која за краток временски период ја менува бојата и се доведува до состојба на еритематозна промена (убаво видливо црвенило) кое е знак за почетна фаза на инфекција. Во продолжеток или како втора фаза гледаме влажност околу и на самата рана, оток, како и појава на пликови кои во наредната фаза веќе ќе ги видиме во процес на отварање и распаѓање. Токму третата фаза е почетен процес на некротизирање односно фаза на умирање на ефектираниот дел од кожата, а со самото тоа и приближување до крајниот стадиум, а тоа промена односно рана која доаѓа до самата коска. (замислете го тоа како дупка која продира од самата површина на кожата до самата коста согласно просторот кој е ефектира – еве како пример да го земеме лумбосакралниот предел од кожата каде ако настане овој процес ќе го видиме тој сакрален дел од рбетот.)Од кога детално објаснивме што е декубитус и која е причината за истиот би требало да се осврнеме на делот како би требало да ги заштитиме пациентите од истиот и како ако имаме појава на ваква промена да постапиме. Во медицината постои поговорката ‘’ Подобро да спречиме него да лекуваме’’ па затоа сметам дека е најсооветно прво да обрнеме внимание на начинот на кој можеме да ја превенираме видливита промена уште во сам старт.Има повеќе начини на превенција:Пред се особено мора да се внимава на личната хигиена на пациентот и тоа да биде исклучиво со продукти кои не ја сушат кожата и не содржат алкохол во себеРедовно преместување на пациентот од положбата во која е поставенКористење на антидекубитални душеци кои се особено корисни во ситуација која немате можност редовно да правите поместување на пацинетотНамалување на употребата на јаглехидрати и поголем фокус на храна која содржи белковини во себеДоколку не постојат услови за антидекубитален душек особено да се внимава да поставената постелнина на кревет на која лежи пациентот да е без набориРедовна физикална терапија од лице стручно за тоа (физиотерапевт, доктор по физикална медицина)Наброивме голем дел од начините на превенција, но за жал мораме да констатираме дека во многу ситуации особено кај пациенти кои се параплегичари гледаме редовна појава на декубитални рани па би било сооведно и да знаеме како точно да ги третираме истите. Најдобриот начин за да се третира веќе настаната декубитална рана е преку следниве постапки:Да се земе брис од самата рана со цел да се одреди присуството на бактерија и одредување на нејзин третманКористење на системски антибиотици доколку е потребноКористење на локални антибиотици и креми на база на сребрени јониРедовни преврки со регенератвни спрееви и одржување на постојана влажност на самата декубитална ранаПо можност подигнување на местото каде е развиена декубиталната рана над ниво на самиот душек со цел да се намали притисокот на местото на ранатаНа самиот крај можеме да заклучиме дека на телото на секој еден пациент му е потреба постојана активност, со цел да имаме постојан крвоток и да со тоа што повеќе ја намалиме можноста за појава на декубитална рана. Д-р Бојан ТрајковскиДоктор по општа медицина; ПЗУ Медика Вера Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber декубитус dekubitus rana stari lica 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Како хормонската терапија влијае на здравјето на срцето и чувствителноста на инсулин ? next post Аерозагадување Можеби ќе ви се допадне Bookmark Базоцелуларен карцином јануари 19, 2026 Bookmark Гонартроза (остеоартритис на коленото) декември 29, 2025 Bookmark Рамно стапало кај децата: што треба да знаат... декември 2, 2025 Bookmark Нега на кожата за заштита од загадувањето на... декември 1, 2025 Bookmark Розацеа ноември 30, 2025 Bookmark Алопеција ареата ноември 26, 2025 Bookmark Витилиго ноември 24, 2025 Bookmark Вообичаени причини за болки во стапалата ноември 20, 2025 Bookmark БАЗОЦЕЛУЛАРЕН КАРЦИНОМ декември 22, 2022 Bookmark ПРОШИРЕНИ (ВАРИКОЗНИ) ВЕНИ декември 19, 2022