1,3K Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Сведоци сме дека во последните две децении од овој век се поголем е број на брачните парови кои имаат проблеми да се остварат како родители и добијат потомство. Проблемот глобален и е присутен на секаде во светот. Секогаш причината за таквата состојба во ниско развиените земји и се препишува на жената како главен виновник. Меѓутоа свесноста за проблемот полека се менува и машката популација почнува активно се вклучува во испитувањата со цел да се открие причината за неможност за забременување. Според светските протоколи, ако после 3 години на заедничко живеење, со редовни сексуални односи, не се случи бременост , мажот е тој кој прв треба да стартува во откривањето на причината за таквата состојба. Мажот е должен да направи спермограм – анализа на хуман ејакулат (сперма) , со со тоа да се види неговата фертилна способност за оплодување. Тоа кажано со обични зборови значи оценка на квалитетот на семето – спермата во која се содржани сперматозоидите кои се главните чинители во процесот на оплодување на јајце клетката кај жената. Светската литература посочува на фактот дека во многу развиени земји на светот постои тренд на опаѓање на фертилната моќ кај машката популација. Квалитетот на ејакулатот (спермата) ја одразува способноста кај машката индивидуа во процесот на оплодување. Фактот на опаѓање на овааа способност предизвикува загриженост за репродукцијата на населението во иднина, бидејќи генерален е заклучокот дека само кај ¼ од испитаниците, параметрите (вредностите) на спермограмот се во рамките на нормален спермограм. Вредности за испитуваните параметри се декларираните од СЗО (светска здраствена организација). Испитувањата покажале дека многубројни фактори влијаат на остварување на оваа задача. Факторот пушење се смета дека е поврзан со ДНА фрагментација кај сперматозоидите. Пренатална изложеност кај мајката која пуши во бременоста води кон смален квалитет на спермата кај идните машки потомци. Тутунот содржи опасни материи кои предизвикуваат оксидативен стрес, клеточна апоптоза (смрт на клетката) и се вклучува во процесот на нормална сперматогенеза. Во однос на опојните дроги редовно пушење на марихуана е негативно поврзано со бројот на сперматозоидите. Марихуаната дополнително влијае врз нивото на хормони, сперматогенеза и врз зрелите сперматозоиди. Алкохолот е во негативна врска со волуменот на спермата. Истовремено пушење и алкохол водат кон смалување на волуменот на сперма, концентрацијата на сперматозоидите и намалување на процентот на добро подвижни сперматозоиди во однос на особите кои ги немаат овие навики. Дебелината како проблем на богатиот свет се одразува негативно врз квалитетот на ејакулатот. Според СЗО кај машката популација се забележува пораст на дебелината за 20% во периодот од 1980 до 2008 . Мажи кај кои БМИ (боди маст индексот) е поголем 25 кг/м2 најдена е олигозооспермија. Анализата на стресот како фактор кој влијае врз квалитетот на ејакулатот, покажа дека различни форми на психолошки стрес може да бидат поврзани со намалена концентрација на сперматозоидите, намалена прогресивност на сперматозоидите и абнормална морфологија на сперматозоидите. Се наметнува размислувањето дека стресот делува врз квалитетот на спермата преку потикнување на апоптозата ( клеточното умирање) кај герминативните клетки под дејство на гликокортикоидите кои се ослободуваат при стресни состојби Поттикнати од овие сознанија, Институтот за хистологија и ембриологија кој е составна единица на Медицинскиот факултет во Скопје се вклучува во активности за подигање на свесноста на младата популација за штетното влијание на некои навики, стил на живеење и факторите од непосредната околина. Доказ се трибини кои ги организираме во склоп на „Месецот на Машкото здравје” во месец ноември секоја година Во склоп на Институтот за хистологија и ембриологија постои лабараторијата за испитување на хуман ејакулат. Оваа врвна лабараторијата во нашата земја работи повеќе од 35 години и е специјализирана за проценка на квалитетот на спермата како еден од факторите потребни за оплодување. Вклучени сме во здраствениот систем на земјата и преку апликацијата МОЈ ТЕРМИН функционираме несметано долг низ на години. Пациентите преку своите матични доктори можат да закажат преглед во било кој ден од неделата. Преку утврдување на просечните вредности за волуменот, концентрацијата, мотилитетот, виталитетот и нормалната морфологија на сперматозоидите кај пациентите, ги исклучуваме или ги потврдуваме како можни причинители за неплодност во таа брачна заедница . Проф. Д-р Лена Какашева-МаженковскаРаководител на Катедрата по хистологија и ембрилогија; Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber spermogram sterilitet plodnost bremenost 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија Фамилијарна амилоидна полиневропатија (ФАП) next post ГАСТРИТИС Можеби ќе ви се допадне Bookmark ПРОШИРЕНИ (ВАРИКОЗНИ) ВЕНИ декември 19, 2022 Bookmark UPALA PROSTATE мај 8, 2022 Bookmark КАМЕН ВО БУБРЕЗИТЕ (НЕФРОЛИТИЈАЗА) мај 8, 2022