559 Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber На возраст од шест или седум години повеќето деца тргнуваат во основно училиште, каде олабавената атмосфера во градинката, просториите за играње и малите училишта се заменуваат со поголем ред и дисциплина. Интелектуален, телесен и психолошки напредок Во училницата и организираните спортски активности на детето на училишна возраст ќе има можност за интелектуален, телесен и психолошки напредок. Многу деца развиваат блиски пријателства, обично со деца од ист пол. Вашето дете ќе почне да учи да чита и пишува; оние кои преживуваат необични тешкотии во училишната работа можат да се подложат на проверка за да се утврди дали страдаат од развојни проблеми, како што е нарушувањето на концентрацијата или специфични намалени способности за учење, како што е дислексијата. Изложеност на заразни болести Кога детето еднаш ќе почне да оди во училиште, многу е веројатно, дека ќе биде изложено на овчи сипаници и други заразни болести. Млечните заби почуваат да паѓаат, обично безболно. Трајните заби со исклучок на умниците, обично се сите на своето место со почетокот на момчешкиот период, околу 13. година. Детето би требало да оди на преглед на секои шест месеци, а доколку забите не пораснат правилно, можеби ќе ви биде потребен ортодонт поради исправување. Некои деца на возраст меѓу третата и деветтата година преживуваат силни болки „во текот на растењето” на рацете и нозете. Во повеќето случаи овие болки се јавуваат навечер и траат неколку часа, но не претставуваат посериозна здравствена тешкотија. Децата, исто така, можат да се жалат на чести главоболки или болки во желудникот. Како што детето станува се посамостојно, така се зголемува и веројатноста од случајни повреди. За да ја намалите опасноста на најмала можна мера, научете го вашето дете како се преминува улица и се вози велосипед, како се плива и како се користи сигурносниот појас за возење во автомобил. Научете го дека ножевите, оружјето и алатот не се играчки и дека не смее да ги користи без надзор на родителот. Исто така, неопходно е да му обасните на детето за опасностите од контактите со непознати луѓе, за разликата меќу „добар“ и „непријатен“ допир, кога да се каже „не“ и останати заштитни мерки против потенциалното злоупотребување на децата. Kaj повеќето девојчиња пубертетот почнува по 10. роденден, за момчињата- по 11. Првите знаци на пубертетот кај девојчињата вклучуваат растење на срамните влакна, градите и забележително зголемуване на големината на телото. Првите знаци на пубертет кај момчињата вклучуваат зголемување на тестисите и половиот орган, како и растење на срамните влакна. По една или две години момчињата почнуваат забрзано да ја зголемуваат тежината и телото. Ако вашето дете покажува знаци на пубертет пред осмата година, мора да поразговарате со лекар. Иако причината што можеби стои во заднината на прераниот пубертет може едноставно да биде ендокриниот систем ко порано созрева, мудро е да се провери дали се работи за можни нарушувања. Во секој случај, запомнете дека предадолесцентите кои почнуваат телесно да созреваат порано, ментално и емоционално се уште се деца и како кон такви треба да се однесувате. Мој ДокторДобивај ги најважните вести бесплатно на Viber 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 1 ДО 5. ГОДИШНА ВОЗРАСТ next post СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 13 ДО 18. ГОДИШНА ВОЗРАСТ Можеби ќе ви се допадне Bookmark Рамно стапало кај децата: што треба да знаат... декември 2, 2025 Bookmark Влијанието на технологијата врз развојот на децата ноември 28, 2025 Bookmark Развојот на јазичните вештини од раѓање до 6... ноември 25, 2025 Bookmark Дислексија ноември 24, 2025 Bookmark СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 13 ДО 18.... декември 24, 2022 Bookmark СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 1 ДО 5.... декември 24, 2022