740 Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Иако малото дете изгледа беспомошно, првата година од животот е период на брзо растење и развој. Грижата за здравіето на детето во текот на овој период почнува со целосен физички преглед по раѓањето, во кое ќе се проверат отчукуваьата на срцето, дишењето и рефлексите на новороденчето. Остатоците од папочната врвца обично отпаѓаат во текот на првите две недели. Дотогаш чистете го папочето со алкохол секоі ден и внимавајте да биде суво. Ако вашето дете е обрежано, внимавате половиот орган да му биде сув и прекријте го при секое превиткување со перниче од газа натопено со вазелин се додека сосема не зарасне. Главата на новороденчето Главата на новороденчето има две меки места или фонтанели, таму каде што површините на черепот се уште не се споени. Помалата фонтанела на задниот дел од главата обично се затвора од 6 до 12 недели по раѓаньето; поголемата однапред обично се затвора меѓу 6 и 18 месеци. Иако мозокот е обвиткан со цврста мембрана, овие слаби точки би требало да се заштитат од повреди. Фонтанелите ќе се дигаат и спуштаат додека доенчето дише или плаче. Меѓутоа, ако забележите дека мекиот дел е невообичаено испупчен или вдлабнат, кажете му за тоа на вашиот лекар. Потребите на детето за храна Потребите на детето за храна во првите шест месеци обично се задоволуваат со мајчиното или адаптираното млеко за доенчина; доењето, исто така, во многу случаи се надополнува со храна од шишенце. Голема предност на доењето е во тоа што мајчиното млеко многу му помага на имунолошкиот систем од детето да се противстави на инфекциите, па може да помогне и во заштитата против алергиите во иднина. Во периодот околу шест месеци детето, можеби, ќе биде подготвено да почне со јадење мека храна; пиенето од чаша, по правило, доаѓа по неколку месеци. Вашиот педијатар може да ви даде совет кога сосема да го одбиете детето од доење или шишенцето. Повеќето деца тројно ќе ја зголемат својата тежина од раѓањето до првата година од животот. Повраќањето мали количества млеко или храна по jадењето е нормално кај доенчето додека се ослободува од проголтаниот воздух. Но, ако често повраќа и има температура или поолив или ако во повратената течност гледате крв или зелена жолчна течност, повикајте го својот педијатар. Кај новороденчињата изметот е зеленкасто-црн или со боја на сенф и може да биде многу водлест; децата кои се дојат обично имаат почеста работа на цревата од оние кои се хранат со адаптирано млеко. За да избегнете егзема од пелени, менувате ги пелените пред и по секое хранење, по секоја нужда и по секое спиење на детето. Измите го и избришете го делот што го покрива пелената при секое превиткување; ако видите знаци на надразнетост, нанесете маст за кожа или заштитен крем. Првата гласна реакција на детето е плаченето, кое вообичаено престанува кога детето се држи или храни. На возраст од една до две недели доенчето ќе почне да ги гледа вашите очи, а на возраст од четири до шест недели, можеби, ќе се насмее на лице во својата близина; она што пред тоа изгледа како насмевка, веројатно, е само реакција на гасовите во цревата. На возраст од приближно 12 недели можете да очекувате дека ќе го слушнете првото смеење на детето. Во периодот меѓу 5 и 10 месеци повеќето деца ги добиваат своите први заби, а некои имаат дури и осум заби на првиот роденден. Вашето бебе на 3 до 6 месеци На возраст од околу три до четири месеци многу доенчиња можат да jа подигнат главата и рамењата додека лежат на стомак. На шест месеци доенчето можеби ќе може да седне со мала помош. Повеќето деца научуваат да ползат на возраст од околу осум месеци, а во времето на првиот роденден ги прават своите самостоіни чекори. Децата на оваа возраст можат, исто така, да покажуваат со прсти и да кажуваат неколку разбирливи зборови, вклучуваки ги „мама” и „тато”. Некои доенчина имаат делови со побледа кожа или белези на кожата на лицето или телото. Повеќето белези се безопасни и исчезнуваат како што расте детето, иако жолтокафеавите, кафеавите и виолетово-црвените белези може да бидат трајни. Бидејќи некои белези на кожата се грди, а во ретки случаи носат и опасност од рак, прашајте го лекарот за можностите за лекување. Децата по природа се лубопитни и морате да ги заштитите за да не се повредат. Пред да почне да ползи детето преземете мерки за домот да биде сигурно место за детето. Можете, на пример, да поставите сигурносна врата во подножјето и на врвот од скалите и да ставите брави што децата не можат да ги отворат на вратите и орманите; можеби ќе сакате да ставите заштитни капачива и на електричните приклучници. Доенчето треба да спие на тврд душек. Некои стручнаци тоа го препорачуваат за да се спречи можноста детето да се задуши во креветот. Не би требало да го покривате со влакнеста покривка ниту со ќебе и би требало во првата година да ги држите сите перничиа и полнети играчки-животни надвор од креветот. Синдромот на ненадејна смрт на доенчето или „смрт во Се верува дека легнувањето на децата настрана или на грб ја намалува опасноста од смрт во креветчето. Мој ДокторДобивај ги најважните вести бесплатно на Viber 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ВАШЕТО ДЕТЕ next post СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 1 ДО 5. ГОДИШНА ВОЗРАСТ Можеби ќе ви се допадне Bookmark СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ ОД 1 ДО 5.... декември 24, 2022 Bookmark СОВЕТИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ВАШЕТО ДЕТЕ декември 23, 2022 Bookmark ЗАТНАТ НОС КАЈ БЕБИЊАТА – КАПКИ ЗА НОС... мај 8, 2022