611 Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Витамин Б6 — еден од најважните витамини во организмот. Тој е важен за формирањето на аминокиселините, а со тоа и на белковините. Витамин Б6 е потребен за следните функции: работата на мозокот и централниот нервен систем, производство на одредени невротрансмитери (пример серотонинот), правилно работење на мускулите, производство на некои хормони (адреналин и допамин), производство на хемоглобинот во црвените крвни зрнца, електролитна рамнотежа во телото, развој и раст на фетусот и новороденчето итн. Извор Во поголеми количини се наоѓа во лебниот квасец, во житните растенија, во гравот, сојата и други градинарски растенија. Во производите од животинско потекло се наоѓа во црниот дроб, бубрезите, месото, млекото и жолчката од јајце. Делување Без витамин Б6 нема белковини, без белковини нема хормони, а без хормони сите функции во организмот се доведени во прашање. Да ги спомнеме само серотонинот, допаминот и мелатонинот, кои заедно го регулираат биолошкиот часовник, спиењето, когнитивната функција, чувствата и однесувањето. Витаминот Б6 учествува во изградбата на неколку невротрансмитери (материи кои овозможуваат пренос на нервните импулси). Недостатокот на витаминот Б6 доведува до невролошки и психолошки пореметувања. Дозирање и токсичност Препорачаната дневна количина (RDA) на витаминот Б6 изнесува 2 mg, а максималниот дневен сигурносен внес (upper safe level) е 200 mg. Најчеста доза за витаминот Б6 како додаток е 10 до 25 mg дневно. Но, при некои посебни состојби се препишуваат и „мега“ дози од 200 до 500 mg дневно. Иако за возрасните т.н. сигурна доза е 200 mg витамин Б6 дневно, трудниците не би смееле да користат повеќе од 100 mg дневно. Дури и во тие дози, во некои случаи, се јавуваат главоболки и мачнина. Секое земање на витамин Б6 над 200 mg дневно подолго од 2 месеци би трбало да биде во консултација со лекар. Витаминот Б6 е токсичен во големи дози, па можни се многу непријатни оштетувања на сетилните центри. Како последица на тоа оштетување се јавуваат пореметувања во движењето и во допиро Хиповитаминоза Иако витаминот Б6 е важна компонента во исхраната, клиничките симптоми на негов недостаток се многу ретки. Недостатокот се јавува при примена на некои лекови или е поврзан со недостаток на другите витамини од Б групата. Симптомите на недостаток од витамин Б6 се воочуваат на кожата, централниот нервен систем и хематопоетскиот систем и вклучуваат: губење на косата, задржување на течности во организмот за време на бременоста, вкочанетост и грчеви во рацете и нозете, често мокрење, анемија и друго. Концентрацијата на витамин Б6 е намалена кај алкохоличарите, трудниците и кај жените кои земаат орални контрацептиви кои содржат естрогени. Витамиот Б6 се користи и како антидот кај пациенти кои користат големи дози на антитуберкулостатици (лекови кои ја намалуваат количиниата на витаминот во организмот). Препорачана дневна доза за возрасен маж изнесува 2.0мг/ден, додека за жени изнесува 1.6мг/ден, при нормална прехрана. Не се препорачува во лечење на акни и слични дерматози, при интоксикација со алкохол, астма, хемороиди, мигрени,= ниту како препарат за подобрување на апетитот или стимулација на лактацијата. Мој ДокторДобивај ги најважните вести бесплатно на Viber 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија ВИТАМИН Ц (АСКОРБИНСКА КИСЕЛИНА) next post ВИТАМИН А (РЕТИНОЛ) Можеби ќе ви се допадне Bookmark Што се случува со вашето тело кога држите... декември 4, 2025 Bookmark АВОКАДО декември 26, 2022 Bookmark АНАНАС декември 26, 2022 Bookmark ВИТАМИН А (РЕТИНОЛ) декември 23, 2022 Bookmark ВИТАМИН Ц (АСКОРБИНСКА КИСЕЛИНА) декември 23, 2022 Bookmark ВИТАМИН Б12 (КОБАЛАМИН) декември 23, 2022 Bookmark ФОЛНА КИСЕЛИНА (ВИТАМИН Б9) декември 23, 2022 Bookmark СЛАБЕЕЊЕ мај 8, 2022 Bookmark РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА АНТИБИОТИЦИ мај 6, 2022