567 Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber д-р Тијана Бојчевска, Доктор по дентална медицина Забниот кариес е патолошки процес кој доведува до размекнување на тврдите забни ткива по што следува формирање на кариозен дефект. Претставува бактериско заболување кое се карактеризира со деминерализација и деструкција на забните површини и слоеви на забот. Етиологија Кариесот е инфективно заболување дирекно зависно од храната. Резултат е на меѓусебно дејствување на повеќе фактори. Факторите вклучени во кариозниот процес се: денталниот плак ( леплив слој кој што е прикрепен за површината на забите и го сочинува голем дел колонии од бактерии ) и исхраната (супстратот за микрофлората). По оброк, бактериите од плакот ги користат шеќерите од храната за да произведат киселини. Токму тие киселини се одговорни за разјадување на емајлот на забот и појава на кариес. Исто така врз неговото настанување и прогресија имаат и други фактори, како на пример: присуството на флуор, плунката, социјалните и демографските фактори. Времето влијае на кариозниот процес на неколку начини, тоа не настанува преку ноќ, туку за тоа е потребно понекогаш и неколку години. Ова е потенцијално доволно време за превентција. Клиничка слика Симптомите на кариозниот дефект не се појавуваат во раните фази. При преглед можеме да откриеме бели дамки на површината на забите или, во понапредна фаза, кафено-црни дамки, но постојат ситуации во кои кариесот потешко се дијагностицира па ќе го видиме со помош на стоматолошки радиографии. Најчестите симптоми кај забен кариес се: локална болка, осетливост на забите, лош здив и непријатен вкус. 65584882 – human tooth with caries, hole and tools. dental searching concept. teeth or dentures. 3d illustration Терапија Откако стоматологот ќе го утврди постоењето на кариес, треба да му ја врати анатомската форма и функција забот. Терапијата на кариесот се состои од отстранување на кариесот и пополнување на дефектот со соодветен материјал кој ќе ја врати функцијата и морфологијата на забот (пломба). Превенција Најважната работа е хигиената на усната шуплина. Се препорачува правилно четкање на забите, најмалку два пати на ден, наутро и навечер, и дополнително користење забен конец и интердентални четки , со цел да се отстранат сите остатоци од храна и бактерии од тешко достапните области на четката за заби. Исто така, намалена фреквенција на консумирање на храна и пијалоци богати со шеќери . Редовната посета на стоматолог ни помага да го откриеме кариесот во раните фази пред да се прошири и стигне до нервот на забот. Мој ДокторДобивај ги најважните вести бесплатно на Viber 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија UNGUIS INCARNATUS – ВРАСНАТ НОКТ next post ПАРОДОНТОПАТИЈА Можеби ќе ви се допадне Bookmark БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИ декември 14, 2022 Bookmark ПАРОДОНТОПАТИЈА декември 13, 2022 Bookmark ЗДИВ ОД УСТА – СОЦИЈАЛЕН ИЛИ МЕДИЦИНСКИ ПРОБЛЕМ мај 8, 2022