345 Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Спец. Д-р Елма Абдула ХАСАНАГОВСКИСпецијалист гинеколог акушер во Санте Плус Хоспитал Скопје Бројни инфекции можат да го загрозат растот и развојот на плодот во стомакот на мајката. И многу тешко е прашањето за еден доктор да објасни кои се можните последици, што да очекува мајката која е инфицирана од одредена или повеќе инфекции. Односно дали и колку ќе биде афектирано бебето по породувањето. Вообичаено се зборува за 3 начина на кои инфекцииите ја загрозуваат бременоста и плодот. • Може да го засегнат здравјето и кондицијата на мајката, правејќи го нејзиното тело помалку способно да го згрижува бебето (влијае на растот и развојот – конфорот на бебето во матката) или употребата на некои лекови можат директно да му го оштетат здравјето и сосотојбата на бебето. • Инфекциите можат директно да му наштетат на бебето предизвикувајќи промени кои ги нарекуваме ненормалности или аномалии. • Инфекциите може да предизвикаат абортус или предвремено породување Кои инфекции можат да му наштетат на плодот? Повикувајќи се на медицина базирана на докази, инфекции кои се познати дека можат да му наштетат на плодот кој се развива: – Бактериска вагиноза, која може да предизвика предвремно породување, -Заразни болести, како хепатитис, сифилис, херпес, и ХИВ можат да го инфицираат плодот, -Хламидиа која може да предизвика инфекција на очите на плодот или пнеумонија, -Гонореа, која може да ја инфицира амнионската течност, да предизвика предвремено породување, да предизвика инфекција на очите и ризик од слепило, -Стерптокок од групата Б може да предизвика тешки компликации на новороденото и ретко последици со смртен исход, -toxoplasmosis, која може да предизвика вродени аномалии или интелектуални пореметувања, -Listeria, која може да предизвика спонтан абортус, предвремено породување или аномалии на плодот, –cytomegalovirus, кој често е безопасен но во рана бремнеост може да предизвика интелектуални пореметувања или вродени аномалии, Постојат и други инфекции кои можат да ја комплицираат бременоста и породувањето. Ова се најопштите наводи, секако секоја инфекција бара засебно внимание и обработка, така да секоја пациентка може јасно да ги соглеа последиците. Тоа што секоја жена треба да го разбере е дека не постои симптом на “нормално бело прање”. Секоја сосотојба на зголемена секреција од вагината значи дека нормалната флора е нарушена и треба да се бара причинителот. Заштита од инфекции Постојат одредени стратегии да се намали ризикот од инфекцииво текот на бременоста. Редовни микробиолошки брисеви особено пред планирана бременост, Редовна хигиена на рацете и интимата, Користете кондом докилку кај партнерот се дијагностицирани сексуално преносливи болести, (STIs) Избегувајте средби со луѓе за кои знаете дека се заболени од заразни болести, Избегнувајте непастеризирана храна, Тестирајте се за сексуално преносиви болести и стретпокок група Б, Правовремен третман ја зголемува веројатноста за здраво новородено. Затоа пренаталната грижа треба да биде на највисоко ниво пред да настанат компликациите. Мој ДокторДобивај ги најважните вести бесплатно на Viber 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија СКРИНИНГ ТЕСТОВИ ВО 1. ТРИМЕСТАР next post ПРВА НЕДЕЛА ОД БРЕМЕНОСТ Можеби ќе ви се допадне Bookmark Што претставува рак на грлото на матката? јануари 7, 2026 Bookmark Женска ќелавост декември 4, 2025 Bookmark Природни лекови за утринска мачнина во бременост ноември 30, 2025 Bookmark Болка во грбот за време на бременоста ноември 25, 2025 Bookmark Како хормонската терапија влијае на здравјето на срцето... ноември 19, 2025 Bookmark ПРОШИРЕНИ (ВАРИКОЗНИ) ВЕНИ декември 19, 2022 Bookmark НИМФОМАНИЈА декември 7, 2022 Bookmark ПРВА НЕДЕЛА ОД БРЕМЕНОСТ декември 5, 2022 Bookmark СКРИНИНГ ТЕСТОВИ ВО 1. ТРИМЕСТАР декември 5, 2022 Bookmark МИОМИ – ПРИЧИНИ ЗА НАСТАНОК И ЛЕКУВАЊЕ декември 5, 2022