669 Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Во оваа група спаѓаат воспалителни автоимуни болести кои скоро секогаш се асоцирани со имунолошка реакција. Причината за нивната појава сеуште е неразјаснета. До сега е познато дека во нивната појава улога играат – генетски фактори „надворешни фактори“ (физички, хемиски фактори, вируси, бактерии) и невроендокрини фактори. Системски лупус еритематосус Системски лупус еритематосус (СЛЕ) е хронична системска болест на сврзното ткиво од непознато потекло. Може да ги зафати сите органи и системи, да се манифестира со различни симптоми, тек и исход. Почесто се јавува кај жени во од нос (13 спрема 1) во репродуктивниот период . После менопауза тој сооднос е (3 спрема 1). Благодарение на напредокот на дијганостичките методи и терапија денес преживувањето на болните со СЛЕ после 10 години траење на болести и терапија, не се разликува од здравите особи. Етиопатогенеза Различни фактори се набројуваат во етиологијата на болеста- генетски, бактериски и вирусни инфекции,генетски фактори, лекови, хемикалии, вродени биохемиски дефекти, ултравиолетови зраци, трауми, дисфункција на имуната регулација и хормонски влијанија. СЛЕ е последица на промена во комлексниот однос на домаќинот и патогените чинител. Основна каректеристика на СЛЕ е екцесивно создавање на автоантитела спрема сопствените антигенилокализирани во нуклеоплазмата, нуклеолуст, цитоплазмата или на клеточната мембрана. Дијагноза Иако СЛЕ е познат уште во античка доба, долго бил препознаван само по клинички симптоми. Од 1948 година кога се откриени ЛЕ – клетките, а покасно и другите автоантитела, значајно место во дијагнозата и процена на активноста на болеста заземаа различни имуносеролошки тестови . Клиничка слика Треска, температура, губиток на телесна маса, слабост, малаксаност заедно или одвоено, може да се првични симптоми на СЛЕ. Со болеста може да се зафатени скоро сите системи и органи. Тежината и исходот на на СЛЕ зависи од зафаќањето на висцералните органи, пред се бубрегот и централен нервен систем (ЦНС). Терапија Поради постоење на различна клиничка слика кај различни пациенти, различен е и пристапот на лечење на СЛЕ. Целта на лечењето е постигнување на што подолга ремисија на болеста. Лечењето на СЛЕ е емпириско, а се применуваат лекови кои делуваат антивоспалително и имуносупресивно. Изборот на лекови, доза и начин на примена одредени се со водечките клинички манифестации. Големo значение има заштита од УЗ зрачење, спречување и правовремено лечење на инфекции. Д-р Сци. Соња ПавловаАвоторот е доктор на ЈЗУ Универзитетска клиника за ревматологија – Скопје Мој ДокторДобивај ги најважните вести бесплатно на Viber 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија НИЗОК КРВЕН ПРИТИСОК (ХИПОТЕНЗИЈА) next post СРЦЕВ УДАР (МИОКАРДЕН ИНФАРКТ) Можеби ќе ви се допадне Bookmark Гонартроза (остеоартритис на коленото) декември 29, 2025 Bookmark Вообичаени причини за болки во стапалата ноември 20, 2025 Bookmark ARTROZA мај 8, 2022 Bookmark РЕВМАТОИДЕН АРТРИТИС мај 8, 2022