665 Добивај ги најважните вести бесплатно на Viber Глуварче Латинско име: Tarxacum officinaleГлуварчето е род на растенија од фамилијата Asteraceae. Глуварчето е повеќегодишна билка. Од неговите корени, кои се малку разгранети под земја, на површината излегуваат листови кои веднаш лежат на земја. Цвета од март до мај со светло жолти цветови. Листовите од глуварче се светло зелени и назабени. Стеблото и листовите, кога ќе се скршат, испуштаат течност. Цветното стебло на глуварчето е шупливо внатре и се крева вертикално. На врвот се развива жолт цвет, кој има облик на глава. По созревањето, цветовите даваат лесни, карактеристични бели семиња. Глуварчето успешно расте на сите почви, но најмногу му одговараат влажните ливади. Се наоѓа на ливади и тревници, на отпадни места и напуштени полиња, покрај патишта и околу населбите.Лековити материи глуварчето содржи горчливи материи, многу калиум, смоли, есенцијално масло, 40% инулин (во коренот). Листовите содржат 16-18% витамин Ц, околу 3% железо. Лековити својства на глуварчето Глуварчето помага при разни болести, ја подобрува крвната слика, го чисти организмот, против гихт, егзема, го ублажува ревматизмот, го лекува црниот дроб, го помага лачењето на жолчката. Помага при слаб стомак, диуретик е – содржи многу калиум, се комбинира за белодробни заболувања. Се користи и за јадење, како салата, кисели краставички, супа, чорба, замена за кафе, за подготовка на хербален лек, медицински мед, се користи како тинктура, сушен, цеден медицински сок.Многу поволно делува на стомачни проблеми, а одличен е и за жолчката и црниот дроб. Бидејќи е добар диуретик, му помага на жолчното кесе подобро да работи, подобро да се собира и да лачи повеќе жолчка во цревата, подобрувајќи ја нивната работа. Погоден за луѓе со песок и камења во уринарниот тракт. Мој ДокторДобивај ги најважните вести бесплатно на Viber 0 FacebookTwitterPinterestEmail Претходна статија РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА АНТИБИОТИЦИ next post СЛАБЕЕЊЕ Можеби ќе ви се допадне Bookmark Природни лекови за утринска мачнина во бременост ноември 30, 2025